29 Март, 2024
0.0258

АДОРА И ТЕ-ТО ДОБИВААТ СТАТУС НА КОМПАНИИ ОД ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА РАБОТА ВО КРИЗНА СОСТОЈБА - за прв пат по девет години Владата ја проширува листата, еве кои се другите фирми

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

За прв пат после девет години, Владата одлучува да утврди две нови компании како компании од посебно значење за државата за работа во кризна состојба.

Станува збор за компаниите Адора на Ванчо Чифлиганец, во чија сопственост се топланите Исток и Запад, како и централата Те-то, чија основна дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија, во таканаречен комбиниран циклус.

Оваа одлука Владата ја објави во Службен весник завчера, по седницата која ја одржа истиот ден, и всушност станува збор за Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на трговските друштва од посебно значење за работа во кризна состојба.

„Во Одлуката за утврдување на трговските друштва од посебно значење за работа во кризна состојба, се додаваат две нови точки, кои гласат: Друштво за производство, трговија, услуги и градежништво Адора Инжинеринг ДООЕЛ експорт импорт Скопје и  Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје“, се вели во владината одлука објавена во Службен весник, и се наведува дека веќе наредниот ден по објавувањето, таа ќе влезе во сила.

Како што е познато, Адора пред извесен период ги имаше купено топланите Исток и Запад, а сега државната ЕСМ, која го презеде производството, снабдувањето и дистрибуцијата на топлинска енергија од БЕГ, ќе ги земе топланите под закуп, откако менаџментот на Адора добил цврсти гаранции од ЕСМ дека во најбрз можен рок и според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година, по основ на закуп и амортизација на топланите.

Закупот ќе важи до крајот на април идната година, а од компанијата повторија дека тој ќе биде на нивна штета од 550.000 евра на годишно ниво, и дека на овој начин компанијата „изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава“.

Те-то, пак, за државата е сега многу битна компанија, бидејќи се очекува, доколку успее договорот со Србија, за кој, пак, уште никој не дава никакво известување, да добива гас од таа соседна држава, а да произведува струја која потоа во замена за гасот, би и се давала на Србија.

А, она што треба да се истакне и веројатно што малкумина од нас досега сме го знаеле, е дека одлука за прогласување на такви компании од посебно значење за државата во кризна состојба била донесена уште во февруари 2013 година, значи пред девет години, а била потпишана од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски.

Тогаш беа одредени неколку категории на компании кои се од посебно значење за државата за работа во кризна состојба. Првата категорија беше на компании кои се од посебно значење од аспект на вршење дејност со која во друштвото или надвор од него  при определени настани можат да се доведат во значителна опасност добрата, здравјето и животот на луѓето, животните, растенијата и безбедноста на земјава. Тука беа наброени 17 компании, и тоа фармацевтската хемиска козметичка индустрија АЛКАЛОИД, потоа ЗЕГИН, РЕПЛЕК, МАКЕДОНИЈАЛЕК, ПРОМЕДИКА, потоа Д-Р ПАНОВСКИ, па следуваше МАКПЕТРОЛ, рафинеријата ОКТА, компанијата НАУМ НАУМОВСКИ - БОРЧЕ , АДИНГ, а на оваа листа беа ставени и БУЧИМ од Радовиш, ИНДО МИНЕРАЛИ И МЕТАЛИ, рудникот САСА, потоа ЛУКОИЛ  МАКЕДОНИЈА, Топлификација (која сега е во стечај), потоа БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП, (на која неодамна и беше одземена лиценцата за производство, снабдување и дистрибуција со топлинска енергија), како и ФЕНИ ИНДУСТРИ од Кавадарци, а сегашен Еуроникел.

Потоа, во таа владина одлука од 2013 година, како трговски  друштва од посебно  значење за работа во кризна состојба од аспект на располагањето со енергетски,  градежни, хемиски и телекомуникациски ресурси на национално ниво, беа наведени 14 фирми и тоа ЕВН, Македонски железници Транспорт, МАКПЕТРОЛ, ОКТА, ЛУКОИЛ  МАКЕДОНИЈА, градежните компании ПЕЛАГОНИЈА, ГРАНИТ и БЕТОН, па тука исто така повторно на списокот го има НАУМ НАУМОВСКИ-БОРЧЕ, АЛКАЛОИД, T-МОБИЛЕ, Македонски телеком, и ОНЕ и ВИП (сегашната компанија А1) од областа на телекомуникациите.

Натаму, во третата категорија, како трговски  друштва  од  посебно  значење  за  работа  во  кризна  состојба  од  аспект  на располагањето  со транспортни,  прехранбени,  складишни, ветеринарни,  лабораториски и комунални ресурси беа наведени РУЛЕ ТУРС, потоа ЖИТО ЛУКС, ЖИТО СКОПЈЕ, ЖИТО ПОЛОГ -Тетово, ЗЛАТЕН  КЛАС, СКОПСКИ  ПАЗАР, ФЕРШПЕД, ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА, ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА ТЕТОВО, а на оваа листа беа наведени и МАКСТИЛ, АРЦЕЛОРМИТТАЛ (ХРМ) и (ЦРМ), потоа МАККОНТРОЛ, но и погребното претпријатие БУТЕЛ, потоа ЕКСТРА МЕИН, како и фирмата БОНИЕР ДООЕЛ.

Во таа владина одлука беа наведени уште неколку категории на компании кои се сметало дека ќе бидат од посебно значење за државата за работа во кризна состојба.

Со најновата завчерашна владина одлука ниту една од овие компании не е избришана, само на овие најважните од првата категорија, се додаваат и компаниите Адора и Те-то.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи