Што е вистина а што лага: Како се однесувал Асанж во амбасадата
Објавено во: Свет 14 Април, 2019
Откако во 2017, дојде на власт Ленин Морено како претседател на Еквадор, Џулијан Асанж живееше во многу тешки услови, изјави адвокатката на основачот на „Викиликс“ Џенифер Робинсон.
Исто така, според неа деновиве од амбасадата на Еквадор во Лондон се разнесувале многу невистини за однесувањето на нејзиниот клиент во амбасадата.
Според неа, овие лаги се само оправдување на амбасадата, бидејќи дозволи на полицијата од Лондон да влезе и да го уапси Асанж.
Адвокатката, исто така сподели дека Џулијан Асанж немал проблем да се соочи со судот во Велика Британија или Шведска, туку сакал да избегне екстрадиција во САД.