Адвокатска комора ќе го даде на дисциплинска Јовица Страшевски

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020
Адвокатска комора објави дека ќе го даде на дисциплинска Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, од кого Кривичниот суд се пожали дека и се заканува на судијата-поротник Лидија Ивановска Кочкоска, а потоа го одложил рочиштето за случајот „ТНТ“ со земен годишен одмор.
„Адвокатската комора на Република Северна Македонија доби писмено известување од Основниот кривичен суд Скопје во врска со наводни притисоци од страна на адвокат во предмет познат во јавноста како „ТНТ“.
Исто така на ден 09.01.2020 година Адвокатската комора прими Барање од Судот со прилог Известување на адвокатот Јовица Страшевски од Скопје за негово заминување на годишен одмор во периодот од 08.01.2020 до 17.01.2020 за кое судот смета дека е насочено исклучиво кон одолговлекување и опструирање на кривичната постапка и за кое бара од Комората да преземе конкретни дејствија за негово санкционирање.
Адвокатската комора на РСМ по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат“, се вели во соопштението на комората.
Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски во ТНТ, со вонредно соопштение денеска ја информираше јавноста дека во текот на вчерашниот ден судијката-поротничка Ивановска-Кочкоска и истекол мандатот на 24 декември и дека поднела неотповиклива оставка и дека за тоа го информирала претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев.
Според информациите на адвокатот и покрај тоа што поранешната судија-поротник Лидија Ивановска-Кочкоска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот истата не била прифатена.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
