30 Април, 2024
0.0377

„Аџибадем Систина“ овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод Месецот на карциномот на кожа, меланом, викендов овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки за своите пациенти. Прегледите ги изведуваа тимот дерматовенеролози со помош на најсовремениот дерматоскоп Mоle Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа.

„Ние повеќе години учествуваме во евромеланома- акцијата со давање бесплатни прегледи за граѓаните една сабота во мај. Околу стотина луѓе секоја година имаат можност да се прегледаат со најсовремена техника на дигитална дермоскопија Mole max HD. Акцијат, пред сè има превентивен карактер, но најзначаен е симболичниот аспект за алармирање за опасноста од појава на најопасниот рак на кожата меланом и негово навремено откривање и третман. Ако со време се открие, големи се шансите да се постигне добар резултат на излекување и преживување. Тука секогаш нагласувам дека старото народно верување дека бенките не треба да се чепкаат и да се оперираат и дека од тоа може да се добие рак се погрешни и неточни, а тоа е докажано во медицинската наука. Проблемот настанува кај оние луѓе кои доцна дошле на доктор поради тој страв, па веќе ниту операцијата не може да помогне во тие терминални фази на болеста“-објаснува доц. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија.

Со цел да се подигне свесноста на граѓаните за редовен и ран преглед на сомнителните бенки, оваа акција петта година по ред традиционално се одбележува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.  

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024