27 Април, 2024
0.0505

„Аџибадeм Систина“: Тестовите кои ги користиме се клучна алатка во светот за справување со коронавирусот ( Ковид- 19)

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

COVID – 19 IgG/IgM Rapid Test кој се користи во Клиничката Болница Аџибадем Систина за детекција на присуство на коронавирусот ( Ковид- 19) е произведен во Холандија и претставува серумски рапид тест кој како хроматографски тест се користи за детектирање на антителата IgG-IgM. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото.

Интерпретацијата на резултатите, достапна и во упатството за самиот тест https://bit.ly/2R2fPaH, едноставно прикажана можете да ја видите во табелата подолу.

Во врска со дезинформациите кои се шират во јавноста, а се поврзани со овие  тестови кои се произведуваат во Холандија и  ги користи КБ Аџибадем Систина, Болницата денес ќе ја извести и холандската амбасада во нашата земја. Во исклучително сериозна ситуација кога се бориме со еден животозагрозувачки вирус, со единствена цел спречување на неговото ширење и зачувување на здравјето на луѓето недозволлива е било каква манипулација во јавноста на оваа тема.

Според препораката на Светската здравствена организација за масовен скрининг на населението, овие тестови активно со таа цел се користат воСАД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Обединети Арапски Емирати,Индонезија, Бразил и Романија. Со вакви брзи тестови, како единствено разумно моментално решение, бидејќи како и сите земји зафатени од пандемијата се во трка со времето започнаа и Бугарија и Србија.

Македонскиот епидемиолог проф.др Даниловскикој е и поранешен министер за здравство ги поддржува препораките на СЗО и во онлајн-дискусијата со членовите на „Наука за сите“, која се одржа во средата на 25 март изјави:,,Нешто штопаралелно на рестриктивните мерки мора да се прави и што Светската здравствена организација постојано го препорачува е: тестирање, тестирање, тестирање… ‘’

,,Јас веќе поднесов барање за да набавиме 400.000 брзи тестови, со кои за десетина минути се определува нивото на IGM антитела, кои први се јавуваат во 9-тиот ден по инфекцијата, па само тие што ќе имаат покачено ниво на IGM потоа да бидат тестирани со тестови за вирусот.’’– додаде тој

Покрај иницијалните 15.000 тестови КБ Аџибадем Систина набави уште 35.000 COVID – 19  IgG/IgM Rapid тестови следејќи ги препораките за рана детекција на вирусот како една од главните мерки со цел да се спречи неговото ширење.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“