05 Мај, 2024
0.1330

„Аџибадем Систина“ воведе најбрз-итен PCR молекуларен тест - резултати за 30 минути- бројот на тестирања тројно зголемен

Објавено во: Македонија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе молекуларен тест за присуство на коронавирус за кој резултатите се добиваат за 30 минути. Станува збор за најбрз  – итен PCR тест кој е наменет за пациенти кои веќе имаат симптоми и пациенти со влошена здравствена состојба и потреба да се хоспитализираат. Ова е тип молекуларен PCR тест со највисока сензитивност, тест за брза детекција на специфичниот таргет-ген на коронавирусот.

Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран и докажан златен стандард. Станува збор за целосно автоматизиран PCR кој ја вклучува подготовката на примерокот, амплификација на нуклеинските киселини и откривање на целната секвенца во примерокот, користејќи real-time полимераза верижна реакција (PCR) за време од 30 минути.

ДВА ТИПА PCR МОЛЕКУЛАРНИ ТЕСТОВИ ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА

Со воведување и на новиот, втор тип, молекуларен тест за итна-брза генска детекција на коронавирусот, вкупниот капацитет за тестирања во болницата ќе се зголеми за уште 24 теста, или вкупно 72 молекуларни теста на ден.

„Единствени сме во регионот кои поради беспрекорната и тимска работна организација изработуваме и издаваме резултати во ист ден, а сега ќе изработуваме и издаваме и итни наоди од молекуларните тестови за 30 минути“, вели  М-р Среќко Рајовски.

Молекуларниот тест за детекција на коронавирусот со PCR метода има висока предност поради сензитивноста на тестот за целното таргетно место - таргетот е  специфичен ген од самиот SARS CoV-2 вирус. Предностите кои што PCR методата во реално време ги има овозможува точни и конечни резултати за пациентите за кои се спроведува тестот.

ЕДИНСТВЕНА БОЛНИЦА ВО КОЈА СЕ ПРАВАТ И СЕРОЛОШКИ И МОЛЕКУЛАРНИ PCR ТЕСТОВИ

Освен двата типа PCR молекуларни тестови, во КБ „Аџибадем Систина“ се прават и брзи серолошки тестови кои го утврдуваат присуството на антителата IgG I IgM кои во телото се создаваат по контакт со вирусот. Серолошките тестови, за разлика од молекуларните се прават со земање примерок од крв, а процедурата на тестирање не трае подолго од десет минути. Брзо, односно уште истиот ден се добиваат и резултатите. Овој тип тестови сега во светот се користат за масовен скрининг на населението со цел да се утврди реалниот број на лица кои биле во контакт со вирусот, а тоа е важно за колективниот имунитет на населението.

Покрај тестирањата во болницата, „Аџибадем Систина“ со мобилна екипа и опрема нуди можност и за организирано тестирање со двата типа тестови во кој било град во државата, по претходно барање од страна на фирми, институции и сл.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче