04 Мај, 2024
0.0248

АФЕРА „БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Актуелни високи функционери од владата на Борисов дел од измамите

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик-премиер, министер и бугарски европратеник се одговорни за нелегалната продажба на бугарски пасоши на странци, објави EURACTIV во истражувањето. Медиумот се повикува на пакет од документи кои го потврдуваат обвинението.

Вицепремиерот Красимир Каракачанов, поранешната министерка за правда Екатерина Захариева (сега министер за надворешни работи) и европратеникот Андреј Ковачев (од партијата ГЕРБ) се луѓето на највисоките позиции во соседна Бугарија кои се обвинети за измама, што им овозможи на илјадници странци да купат бугарски пасоши, со кои се нуди безвизно патување низ ЕУ , пренесуваат бугарските меиуми.

Државната агенција за Бугарите во странство стана огромен скандал поради откривањето дека издавала лажни сертификати за бугарско потекло, документ врз основа на кој може да се издадат бугарски документи за државјанство и лични документи.

Коруптивниот скандал со пасошите е во состојба да ја собори владата на Бојко Борисов. Шефот на агенцијата, Питер Харалампиев, беше уапсен под обвинение дека е дел од организирана криминална група. Харалампиев беше назначен по препорака на ВМРО, партијата на Каракачанов.

Во развојот на истрагата на агенцијата, околу 285 000 евра во кеш беа најдени во сеф, кој припаѓа на Красимир Томов, главен секретар на оваа институција. Томов е во притвор, заедно со Харалампиев и уште двајца вработени осомничени за вмешаност во организирана криминална група. Во понеделникот (26-ти ноември) Борисов неочекувано објави дека Агенцијата, која е алатка за издавање на пасошите, ќе биде затворена. Борисов тврди дека постојат и други институции, како што е Министерството за правда и внатрешни работи, кои ја вршеле оваа задача. Подоцна истиот ден Каракачанов излезе со сопствен предлог - наместо Агенција за Бугарите во странство, да се формира министерство.

Нестабилна коалиција, тромави сојузници

 Парламентарното мнозинство во парламентот на Бојко Борисов зависи од коалицијата со Обединетите патриоти: "Напад" на Волен Сидеров, "Националниот фронт за спас на Бугарија" (НФСБ) на Валери Симеонов и ВМРО - политичка партија, која тврди дека е наследник на историската внатрешна македонска револуционерна организација. ВМРО ја предводи Красимир Каракачанов. Кога владата е формирана во мај 2017 година, Симеонов и Каракачанов се назначени за вицепремиери, а Сидеров станува лидер на групата на "Обединети патриоти" во Народното собрание. На 16 ноември Валери Симеонов поднесе оставка како заменик премиер, по недели улични протести од страна на мајки на деца со посебни потреби, кои тој ги навреди, и кои побараа тој да ја напушти функцијата.

Каракачанов како што објавија дел од бугарските медиуми добивал од 550 до 1500 евра за секој македонски државјанин кој добил бугарски пасош за оваа измама. Бројот на кандидати дневно бил помеѓу 150-200.

Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница