Ахмети: Бев поканет од Специјалниот суд и ќе одам
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020
Првиот човек на ДУИ Али Ахмети е повикан од Хашкиот специјален суд. Оваа информација ја потврди самиот Ахмети за ТВ21.
Го викаат во својство на сведок, и вели дека ќе оди во Хаг.
Нема детали за тоа за кој случај ќе сведочи Ахмети.
Минатата недела во Судот во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.
Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи смета дека претседателот на државата Хашим Тачи требаше да поднесе оставка од функцијата пред да замине во Хаг, каде што беше повикан на распит пред Специјалното обвинителство поради подигнато обвинение за злосторства во текот и непосредно по војната од 1998-99.