Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците
Објавено во: Македонија 29 Април, 2024 11:04
Претседателскиот кандидат Бујар Османи на денешната прес-конференција му порача на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната влада.
- Не одлучува Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците.За тоа ќе одлучи народот, порача министерот за надворешни работи и додаде дека не треба да се зборува за коалиции на девет дена пред избори, туку треба прво да се слушне волјата на народот
Османи ја спореди најавата на Мицкоски дека по парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со „Вреди“ како времето кога „југословенски Белград сам одбрал Рахман Морина да биде претставник на Албанците од Косово“.
Тој додаде дека сеуште не е одлучено дали ќе ги препорача своите гласови освоени од првиот претседателски круг на 8 мај.
- Јас бев кандидат на „Европскиот фронт“ и ваквата одлука ќе ја донесеме со „Европскиотфронт“ во следните денови. Таа одлука треба да ја донесеме заеднички и ќе ја донесеме деновиве,рече Османи.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




