Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени
Објавено во: Македонија 29 Април, 2024 11:50
Носителот на листата во изборна единица 2, Амар Мециновиќ, на Левица, посочи дека неговата паритија ја поддржа независната кандидатка со тоа што за првпат како партија влегоа во ринг за Претседателските избори, но нивната главна цел се Парламентарните избори.
,,Граѓаните знаат дека во Собранието Левица беше еден неверојатен непријател на водењето на СДС и ДУИ како во примерите против спикерот Џафери, така и против сите процеси. Ние дадовме поддршка за формирање на ново мнозинство кога требаше да се турне Заев и да се изгуби неговиот легитимитет и во тоа успеавме", вели Мециновиќ.
Левица ја следи желбата на граѓаните, а таа желба е невнесувањето на Бугарите во Уставот.
,,На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени - затоа што тоа е волјата на народот. Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери, така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порача носителот на ИЕ2 Мециновиќ.
Левица продолжува да се фокусира на проблемите на граѓаните. Програмата на Левица ги таргетира проблемите на граѓаните и нуди конкретни решенија на најгорливите проблеми на ранливите целни групи, на работничката класа и на сите граѓани во Македонија.
Фото: Принтскрин/ФејсбукМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




