Ахмети смета дека Заев треба да им се извини на Албанците
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020
Претседателот на ДУИ Али Ахмети во интервју за „Еуронјус Албанија“ бара извинување од првиот човек на СДСМ Зоран Заев, за како што вели, навреда кон Албанците.
Тој зборува за разговорите кои неодамна протекоа во јавноста.
„Тој направи еден чекор, но не вистинскиот, тој таа навреда ја оправда со тоа што кажа дека наводно мислел на ДУИ, но таа навреда не се однесуваше кон ДУИ, туку директно кон Албанците и мислам дека Заев треба да им се извини на Албанците“, рече Ахмети.
На прашањето дали ќе прифати коалиција со СДСМ дури и по навредата, претседателот на ДУИ рече дека „ќе ги замоли своите членови на партијата да му простат ако таа навреда е за ДУИ, а не за Албанците.
Во кампањата за предвремените парламентарни избори на Јутуб се појави нова аудио снимка на која се слуша како Заев на соговорник му кажува дека Албанците не вредат ни пет банки и дека тие се борат само за пари.
Во врска со „бомбата“ потоа Заев на Фејсбук напиша дека ДУИ на пазарот на гласови не вредат, и дека ќе имаат се помалку пратеници.