26 Април, 2024
0.0332

Ахмети со униформа честиташе формирање војска на Косово

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во војничка униформа го поздрави формирањето на косовската армија. 

„Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите“, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.

Ахмети додава дека војската на Косово е камен темелник на мир и стабилност во нашиот регион

„Одбележувањето на границата меѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и на Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на Договорот од Преспа, заедно со владеењето на правото во нашите земји, се предизвици кои ни престојат. Сите од нас кои имаат исти вредности и цел за еднаквост, правда и евро-атланска интеграција на нашите земји, треба да си помагаат едни на други“, пишува тој.

Косовското Собрание ги усвои законите со кои досегашните безбедносни сили прераснуваат во војска. За трите закони гласаа сите пратеници Албанци, и од власта и од опозицијата, како и оние на немнозинските етнички заедници, освен претставниците на косовските Срби. Десетмината пратеници на Српската листа ја бојкотираа денешната седница. Според Владата на Косово, државата има право на сопствена армија, која ќе биде мултиетничка и изградена според стандардите на НАТО.

Директорот на Српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ вели дека ваквата одлука на Косовските власти претставува агресија против Србија.

„Одлуката за формирање на таканаречената Армија на Косово, претставува Акт против мирот и политичка агресија против наѓшата земја. Оваа одлука има за цел да го заокружи започнатиот процес на насилно одвојување на дел од територијата на Република Србија и создавање на Албанска независна држава“, изјави Ѓуриќ.

Голем број  жители на Српска Митровица, во знак на протест денеска се собраа пред седиштето на УМНИК во северниот дел на поделениот град. Демонстрантите симболично ја погребаа Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, затоа што, според нив, таа е поништена со денешната одлука на Собранието на Косово за трансформација на безбедносните сили во војска. Српската премерка Ана Брнабиќ смета дека ваквата одлука на косовските власти не придонесува кон стабилност во регионот. 

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?