26 Април, 2024
0.0275

АКЦИЈА НА ЛЕЗБОС: Депортирани мигрантите кои не добија азил

Објавено во: Балкан 09 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Голема полициска акција имаше денеска во прифатниот центар Морија на грчкиот остров Лезбос. 

Целта е пронаоѓање и депортирање во Турција на сите оние мигранти кои добиле негативен одговор на барањето за азил во Грција. 

За да се избегнат инциденти,  сега грчките власти, според локалните медиуми  решија да ги „фатат на спиење“ мигрантите, па од 6 часот утрово, повеќе од 350 полицајци, го „чешлаат“ кампот. Тие претходно се распоредија и го заобиколија прифатниот центар за да не може некој од мигрантите да избега.

„Утрово грчката полиција ги проверуваше документите на сите бегалци кои живеат во Морија. 14 лица се уапсени. Ситуацијата е мирна, но луѓето се исплашени“ – преку твитер соопштија од невладината организација „Едно среќно семејство“ која работи и им помага на бегалците. 

Според договорот меѓу ЕУ и Турција, сите оние мигранти кои што не ги исполнуваат условите и добијат негативен одговор на барањето за азил, од Грција треба да бидат депортирани во Турција. Прифатниот центар Морија на Лезбос е еден од „најпроблематичните“ во Грција, со оглед на тоа дека во минатото доста често се случуваа сериозни инциденти, а обидите на грчката полиција да изврши контрола, завршуваа со бунт и материјални штети.

Во простор за 2330 лица,  во кампот Морија, живеат 4007 бегалци. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната