НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи
Објавено во: Балкан 26 Април, 2024
Во голема акција за сузбивање на продажбата на фалсификувани производи на српскиот пазар, пазарните инспектори на Министерството за трговија во претходните денови открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од марката „Проктер и Гембл“, како и како фалсификувани бисквити „Плазма“.
Како што соопштуваат од тамошните институции, со оваа акција спречиле употребата на фалсификувани производи, а во исто време е избегната потенцијална опасност по здравјето на корисниците.
„Во добро испланирана и координирана акција со припадници на МУП и Основното обвинителство од Нови Сад, извршен е увид и инспектори влегле во нелегално производство на повеќе локации во Нови Сад и во Белград. Во таа прилика е пронајдена и одземена поголема количина фалсификувани производи од кои 2.021 кондиторски производи, 205 хемиски производи за домаќинството, меѓу кои детергенти за садови, детергенти за перење и средства за лична хигиена, над 11.000 амбалажи за кондиторски производи и хемикалии за домаќинство, 2620 буриња 1. по литри суровини за правење течен детергент за садови и алишта, огромен број на декларации, налепници и баркодови подготвени за лепење на пакувањето и ставање во промет“, рече министерката Момировиќ, пренесува „Блиц.рс“.
Момировиќ додаде дека во Белград е во тек увид, кој се однесува на контрола на печатницата што правела амбалажа за фалсификувани кондиторски производи, при што припадниците на МУП одзеле лаптоп, компјутер и мобилен телефон.
„Целата стока беше наменета за понатамошна продажба на пазарите, а зад се стоеше добро организирана групација од околината на Нови Сад“, додаде министерот за трговија Томислав Момировиќ.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.