04 Мај, 2024
0.0280

АКО ДОЈДЕ ДО НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА ЛУЃЕТО НЕМА ДА ГИ СПАСИ КАЛИУМ ЈОДИД: Не треба да се прават залихи од таблети- предупредуваат онколозите и фармацевтите

Објавено во: Македонија 24 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Залихи од храна, пред се масло за готвење, брашно, конзерви, тестенини, и така натаму, канистри со бензин, а сега и залихи на таблети калиум јодид. Стравот од војната во Украина се повеќе надвладува со граѓаните, а кога станува збор за евентуална нуклеарна катасрофа, тогаш стравот преминува во паника, и тогаш луѓето секојдневно се подготвуваат за најлошото. Последниве денови актуелна е побарувачката на калиум јодид, но пред да се одлучат да купат кутивче од овие таблети, граѓаните детално ги распрашуваат фармацевтите како се користат, колкава доза треба да се пие во случај на зголемена радиоактивност, колку се ефикасни, односно колку можат да заштитат. Во разговор за Фактор, фармацевтката Аница Ѓорѓиоска вели дека владее таа психоза кај луѓето, но засега побарувачката е само за нијанса зголемена во однос на периодот пред војната во Украина, кога калиум јодид граѓаните го купувале исклучиво заради медицинска индикација.

-Доаѓаат, се распрашуваат за дејството на лекот, некои ќе се одлучат да го купат и да го имаат во нивната домашна аптека, но нема некоја посебна навала и далеку од тоа дека забрзано се трошат таблетките калиум јодид и дека нема во аптеките. Освен тоа, лекот воопшто не е ефтин за да прават резерви дома, сега повеќе купуваат храна. Посебно би сакала да потенцирам дека матичните лекари воопшто не препишуваат рецепти за таблетките, освен на пациенти со медицинска индикација за калиум јодид. Сепак станува збор за лек кој не може и не смее туку така да се пие. Тој првенствено е наменет за тироидната жлезда, како и во случај на недостаток на јод во организмот, а тоа е најчесто во периодот на бременоста, за време на доењето. А, во случај на зголемена радиоактивност, оние кои би пиеле калиум јодид би имале само минимална заштита. Тоа никој не може да го тврди. Потребни се испитувања за колку треба да се испие за да се постигне максимална концентрација која што ќе даде соодветна заштита. Доколку настане предозирање со калиум јодид, а тоа е минерал, тогаш може да се случи електролитен дисбаланс во организмот. Затоа не смее да се пие во огромни дози. Срце, притисок, крвни садови, се е тоа врзано, ако се поремети метаболизмот, никогаш повеќе не може да се врати во нормала. Затоа, калиум јодид не може да се пие како превенција. Тој е за терапија на луѓето кои имаат проблем со тироидата, посочува за Фактор, фармацевтката Аница Ѓорѓиоска.

Онколозите појаснуваат дека дишување на контаминиран воздух или консумирање на контаминирана храна и вода доведува до внатрешна изложеност на радиоактивен јод кој претставува ризик за тироидната жлезда.

-Јодот помага на организмот при зрачење, секако не станува збор за 100 процентна заштита, но е поголема отколку воопшто да не се пие. Инаку, навистина нема потреба од таа паника што сега се шири. Калиум јодид нема да не спаси. Прво имаше навалица, односно зголемена побарувачка во Германија, Австрија, другите западни земји, бидејќи во случај на притискање на копчето, тој радиоактивен облак таму би отишол, па ќе има контаминација на водата, почвата, секако воздухот. При какво било радиоактивно зрачење најмногу страда тироидната жлезада, и во случај на пиење на таблети, калиум јодидот спречување апсорпцијата на радиоактивниот јод од тироидната жлезда, односно, калиум јодидот може да ја заштити тироидната жлезда од оштетување и да го намали ризикот за рак на тироидната жлезда, велат за Фактор од Клиниката за онкологија.

Истовремено, посочуваат дека ефикасноста на калиум јодидот зависи од повеќе фактори, пред се од количеството на радиоактивен јод, како и времето на изложеноста на радијација.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра