Ако кризата не заврши, Србите имаат план како да стигнат во Грција
Објавено во: Балкан 29 Април, 2017
Ако нередите во Македонија не запрат до почетокот на туристичката сезона, тоа ќе биде проблем за српските граѓани кои поминуваат низ нашата територија за да стигнат во Грција на море.
Медиумите во Србија пишуваат дека алтернатива може да биде патување преку Бугарија.
„Ако на пат се оди преку Македонија, да речеме од Белград до Солун преку Македонија има 645 км, а преку Бугарија 685 км. Тоа не е некоја драстична разлика, плус во Бугарија цело време сте на автопат“ - вели Јовица Митиќ од Авто мото сојузот на Србија.
Тој порачува да се патува од Ниш до Пирот, и оттука да се премине на бугарска територија.
На возачите им советува дека треба да купат вињетка која чини 7 евра и важи 7 дена. Оттука патот продолжува од Софија, кон Благоевград, Перник и натаму Митиќ вели нема веќе нешто непознато за возачите.