20 Декември, 2025
0.2330

АКО КРИЗАТА ПОТРАЕ: Растот на економијата нема да стаса ниту до ревидираните 3,5%!

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2016 08:58

Добивај вести на Viber

Растот на економијата годинава ќе изнесува 3,5%, а главен носител  ќе биде извозниот сектор и инвестициите, коишто ќе пак ќе влијаат на пазарот на труд и дополнително треба да ја поттикнат потрошувачката на домаќинствата. Ваквата проекција на НБРМ за раст на економијата е помала од владината проекција. Според економистите, политичката криза политичката криза секако има влијание врз економијата, а доколку кризата не биде решена, тогаш неминовни ќе бидат корекции за прогнозите на раст на македонската економија. „Проекцијата за 2016 во одредена мера веќе ги вградува и ефектите од политичката криза која ќе доминира на економската сцена во Македонија во добар дел од 2016. Секако, неизвесност за оваа бројка внесува фактот што не знаеме дали и кога политичката криза ќе се разреши и во која мера би можела да се интензивира. Под интензивирање подразбирам ситуација во која изборите би се одложиле, или ако се одржат, но да не бидат инклузивни и/или признаени од сите засегнати страни“, вели за Фактор Марјан Петрески, универзитетски професор. Советот на НБРМ по само еден месец од почетокот на 2016 година ја ревидираше во надолна линија стапката на раст за годинава, но Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии, посочува дека надолните корекции може да продолжат и натаму. Стапката на раст на економијата што сега ја предвидува НБРМ е пониска не само од проектирана стапка на раст од 4% на министерството за финансии, врз основа на која е проектиран целиот буџет за 2016 година, туку и од проекциите на Европската комисија и на Светска банка, кои предвидуваа стапката на раст да изнесува 3.9% и 3.8% . „Ова е само почеток на ревидирање на стапката на раст. Досега ниту еднаш владата на Вмро дпмне и министерството за финансии во изминатиот период не успеаја да го предвидат растот на БДП. Се проектираа стапки на раст од 4%, а имало години кои завршувале со негативна стапка, односно пад на БДП. Севкупно тоа е доказ за неодговорно и недомаќинско работење,“ изјави Наумов за Фактор. Наумов, посочува дека можно е да се очекува за многу брзги време да се прави ребаланс на буџетот, доколку продолжи сегашната динамика на трошење на парите. „Јас веќе најавив дека ребаланс на буџетот ќе има веднаш по формирањето на новата влада по парламентарните избори. Но, доколку се продолжи со ваква динамика на расходната страна од буџетот, за брзо време и министерот за финансии ќе биде приморан да изврши корекции на проекциите и да предложи ребаланс, вели Наумов. За опозцијата, потврда за преценетите проекции врз основа на кои е усвоен буџетот, а е во функција на предизборната кампања, се и задолжувањата на домашниот пазар на хартии од вредност. Обајснуваат дека со само три аукции оваа година јавниот долг е зголемен за цели 38 милиони евра, иако претходно беше најавено дека со четвртата еврообврзница се обезбедени доволно средства за нормално функционирање на расходната страна на буџетот.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?