19 Мај, 2024
0.0279

АКО НЕ СЕ ПОЈАВИ ЕПИДЕМИЈА, НЕМА НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА: Беким Сали уверува дека сега нема ризик од ширење на болеста

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Предложените измени на Законот за заштита на населението се направени во врска со последната пандемија на КОВИД-19, во која сè уште се наоѓаме. Ова значи дека сите одлуки што се носеа од страна на Владата за изолација и одредување мерки сега ќе имаат и правна основа со закон. Со овој степен на пандемија, како што е во моментов нема да се бараат сертификати, бидејќи нема ризик кон општото здравје за граѓаните, изјави министерот за здравство Беким Сали и појасни дека доколку не се појави епидемија не се наметнува никакво ограничување.

Во одговор на новинарско прашање на денешната конференција на тема „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините“, тој истакна дека измените не се насочени кон граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат, но ги известуваат оти „невакцинирањето по автоматизам не е право за движење каде било и кога било“.

– Сите ние сме дел од општество за кое сносиме одговорност, додаде министерот.

На прашањето дали доколку поминат законските измени во Собрание и се појави епидемија на морбили, невакцинираните деца нема да одат на училиште, Сали изјави дека повторно ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

– Доколку КЗБ утврди дека одредена група на деца би биле ризик за себе и за останатите деца, секако дека ќе се донесе една таква одлука, вели министерот.

Сали посочи дека сите мерки што досега беа преземени за време на КОВИД-пандемијата се донесени како предлог на Министерството, а врз основа на препораки на КЗБ, се привремени, додека сега ќе бидат законски поткрепени. 


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“