16 Јуни, 2025
0.0268

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

Објавено во: Економија 17 Мај, 2024 14:56

Добивај вести на Viber

Остваруваат ли најдобрите пет компании членки на Стопанската комора над една милјарда евра профит заедно. Колку тежат нашите бизнисмени? Колку време е во комората Бранко Азески и дали и тој самиот некогаш се обидел да се оствари со своја бизнис компанија.

Денеска може и сами да го видите целото интервју со првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески во поткастот на Фактор, „Бизнис Муабети“.

Нашиот колега Мишко Иванов, без влакана на јазикот го прашуваше Азески за сите теми, но ниту Азески не се возджа од коментари.

Една од многубројните теми на кои се дискутираше беше и прашањето кој краде, или уште поинтересно кој не краде кај нас.

-  Мислам дека и асистентките крадат од спајалиците. Ако секој ден крадат по една спајалица ќе го рушат системот. Секако симболично кажано. Ако во хотел секој ден се краде по една вилјушка, ќе се распадне хотелот.

Епа сега, една држава да се краде од буџетот 32 години, на немилосрден начин, и да не може тоа да се спречи... – вели Азески.

Иванов и Азески разговараа на многу теми, меѓу кои и какви акции биле преземени во времето на распаѓањето на Југославија, каде меѓу другото ги начнаа темите комуњар, вмро-вец... Политичките теми секако се неизбежни во разговори со личност која важи за главен претставник на бизнис заедницата на Македонија.

-  Ако размислувам на темата како обичен граѓанин, би рекол дека обидот во еден мандат да се решат две клучни прашања, и со Грција и со Бугарија, е тешка грешка. За тој терет да го изнесе само една партија. Дали е храбро да загинеш, не знам – вели Азески.

Меѓу другото Азески укажува на кој начин би можела нашата земја да се развива во иднина.

-  За Македонија, најдобро решение е да се преземе германскиот случај, во кој ќе се направи заедничка влада на сите партии, во кои ќе се подделат одговорностите и правата, без да се заборават сите аномалии кои биле во претходниот период и кои треба да бидат санкционирани – вели Азески.

Во свој препознатлив стил Азески со конкретни одговори на сите прашања.

Целото интервју може да го гледате на Јутуб каналот „Бизнис муабети“, но и на нашиот сајт, каде соговорниците продискутираа и на темата олигархија, или моќта на олигарсите во нашата земја, за кои често се споменува дека ги диктираат политичките одлуки. Слушнете што точно кажа Азески.


Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Дали платината станува новото злато?

Дали платината станува новото злато?

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти