АКО ПАТУВАТЕ ВО СРБИЈА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - ЌЕ „ФРЧАТ“ КАЗНИ: Износите се прилично „солени“, одат и до илјада евра
Објавено во: Финансии, Балкан 03 Јануари, 2024
Овој период од годината Македонците честопати патуваат во соседна Србија на скијање. Меѓутоа, многу е важно возачите да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот бидејќи српската полиција е немилосрдна. Кои се казните за брзо возење?
Во зависност од тоа каде се врши пребрзо возење, казните може да чинат од 3.000 (1.500 денари) до 120.000 динари (60.000 денари). Исто така, за некои прекршоци следува и затворска казна до 60 дена.
Покрај парична и затворска казна, може да добиете и заштитна мерка забрана за возење до 12 месеци.
За забрзување до 10 km/h следува казна од 3.000 динари (1.500 денари), додека за надминување од 11-20 km/h казната е од 5.000 до 10.000 динари (од 2.500 до 5.000 денари).
Надминување на брзината од 21 км/ч на 50 км/ч значи казна од 6.000 до 20.000 (3.000 до 10.000 денари) динари и 30-дневна забрана за возење.
За пречекорување на брзината од 51 до 70 км/ч, казната е од 15.000 до 30.000 (7.500 до 15.000 денари)динари, и најмалку 4 месеци забрана за возење.
Доколку ограничувањето на брзината надмине 70 км/ч, тој чин се смета за насилно возење и следува 15 дена затвор или од 100.000 до 120.000 динари, (50.000 до 60.000 денари) и најмалку 8 месеци забрана за возење.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.