АЛБАНИЈА ЈА ТРЕСАТ ПРОТЕСТИ: Се бара оставка на Еди Рама
Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2017
Протести на опозицијата против владата на земјата се одржуваат веќе втор ден во соседна Албанија.
Неколку граѓани и членови на организацијата од Демократската партија или опозициската партија ја поминале ноќта во шатори, распослани на булеварот по масивните протести во главниот град Тирана, пишуваат албанските медиуми.
„Ова е парламентот. Вие сте парламентот. Вашата енергија е клучен елемент од тоа движење“, изјави лидерот на партијата Баша, свртувајќи се кон демонстрантите.
Граѓаните ја истакнале својата подготвеност да продолжат со протестите додека премиерот Еди Рама не поднесе оставка и додека не се создаде преодна влада што ќе ја гарантира слободата и чесноста на изборите.