Aлбанија не престанува да се тресе
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2020
По вчерашниот потрес од 4.2 степени кој беше почувствуван и на македонско тло, Aлбанија не престанува да се тресе.
Утрово се регистрирани два земјотреси во Албанија.
Едниот потрес е од 2.3, а другиот со јачина од 2.7 степени по Рихтер.
Синоќа по умерениот земјотрес, имало уште еден земјотрес со јачина од 2.4 степени.
Утрово во регионот, земјотрес имало и во Хрватска, а вчера се стресоа Грција и Црна Гора.