Албанија нема да крева ѕидови, но нема ниту да ги отвори границите за бегалци
Објавено во: Балкан 21 Март, 2016
Моментално нема знаци дека мигрантите може да се упатат кон Албанија по неодамнешното затворање на „Балканскиот пат“.
Сепак, ако тоа се случи, Албанија нема да крене ѕидови, но нема и да ги отвори своите граници, изјави премиерот на земјата, Еди Рама, цитиран од германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.
„Ако ги отвориме границите, тежината ќе биде уште поголема“, рекол Рама за медиумиот.
Тој ги пофали македонските и српските власти за обезбедување на транспорт и храна за стотиците илјади бегалци и мигранти, кои го избраа „Балканскиот пат“ кон Западна Европа.
„Западен Балкан дејствува на подобар европски начин од многу други земји-членки на ЕУ“, рекол Рама.
Пред неколку дена, албанскиот министер за внатрешни работи Самир Тахири побара помош од италијанските власти во случај на прилив на голем број бегалци од Грција.