Aлбанија под вода - им се помага на луѓето во изолираните области
Објавено во: Балкан 09 Март, 2018
Голем регион во северозападна Албанија е под вода откако реките Буна, Дрим и Скадарско Езеро, достигнаа критични нивоа и се излеаја.
Министерството за одбрана денеска објави дека 9.230 хектари обработливо земјоделско земјишта и ливади во околината на Скадар, на стотина километри северно од главниот град Тирана, се под вода откако реката Буна го надмина критичното ниво со 10 см.
Претседателката на општина Скадар, Волтана Адем, побара прогласување вонредна состојба.
Во меѓувреме водата од ХЕ„Фиерза“ поплави голема голема земјоделска површина во селото Брегум околија Кукс.
Во повеќе делови има појава на свлечишта и оштетени мостови од лизгање на земјиштето.
Армиските воени сили дистрибуираат храна и вода за пиење на луѓето и на добитокот во изолираните области.