Албански медиум пишува дека има договор за „Република Нова Македонија“
Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2018
Албанскиот портал InfoShqip пишува дека дошол до некои информации добиени од сигурен извор во Грција, со детали
за договорот меѓу Македонија и Грција за прашањето за името.
Договорот го објавува на македонски, англиски и грчки јазик. Официјалното име е Република Нова Македонија, но нема информации во кој опсег би се користело. Скратеното име би било Нова Македонија. И официјалното и скратеното предвидено е да имаат транскирпција и на англиски и на грчки јазик.