Албанскиот претседател уверува - Со платформата не се мешаме во Македонија
Објавено во: Балкан 04 Март, 2017
Албанија не се меша во внатрешните работи на било која друга земја и дека ќе продолжи да придонесува за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, порача албанскиот претседател Бујар Нишани на средбата со европската претставничка Федерика Могерини со која меѓу другото разговарал и за состојбите во Македонија.
Нишани изрази загриженост околу непријателските ставови околу албанскиот јазик во Македонија поврзани со политичката трка во земјата при што истакна дека платформата на албанските партии во Македонија е нивен сопствен производ, а Албанија ги поддржува во смисла на имплементација на Охридскиот договор.
Тој додаде дека Албанија секогаш се залага за соживот и еднаквост на граѓаните од различни етнички групи и зачувување на добрососедските односи.