26 Април, 2024
0.0259

Алкакоид: На пазарот се појавија фалсификати на Ecosal i Dezintal

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Од Алкалоид АД Скопје известуваат дека на пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ - Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.

„ Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и врз здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност.


За да им помогнеме на купувачите да ги препознаат оригиналните производи Ecosal® Forte и Dezintal® произведени од „Алкалоид“, за чии квалитет и безбедност гарантираме, ги посочуваме следните детали што може да се забележат на самото пакување на производите:▪ на етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и логата на Ecosal® и на Dezintal®, кои гарантираат за оригиналното потекло на производитеи за преземените мерки во делот на нивната регистрација, во согласност со важечките регулативи;▪ како производител секогаш е назначен „Алкалоид“ АД Скопје, што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови на производство; ▪ производот Ecosal® Forte се произведува во пакување од 500 ml, со затворање приспособено на типот на производот - антисептик, наспроти фалсификуваното пакување од 1000 ml, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“; ▪ производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба, за кое можеме да гарантираме само доколку се произведени и доколку се спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“ АД Скопје“, пишува во соопштението до јавноста на Алкалоид АД Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет