30 Април, 2024
0.0255

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација. Според проценката на двете здравствени институции, преку оваа донација, со соодветна терапија ќе бидат покриени околу 200 деца во времетраење од една година.

„Со оваа донација наменета за децата, како една ранлива возрасна категорија кога станува збор за одредени дигестивни нарушувања, како компанија даваме свој придонес кон олеснување на процесот на нивно лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет - Луѓето и Здравјето пред сѐ, на кој се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, ‘Алкалоид’ со децении помага онаму каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Препаратот „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба, е наменет пред сѐ за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Иновативноста на овој нов производ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен „Омперазол“ за употреба. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024