Добивај вести на Viber
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Турција со назив „Alkaloid ilac ticaret limited sirketi“ со седиште во Истанбул.
Друштвото е во стопроцентна сопственост на „Алкалоид“ АД Скопје.
„Главна цел за отворање на ова ново друштво е зајакнување на постојните позиции на пазарот во Турција, каде „Алкалоид“ е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на „Алкалоид“, а воедно и пробив на пазарите во Азија и Блискиот Исток“, соопшти компанијата на Македонска берза.
Со ова „Алкалоид“ ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.