08 Мај, 2024
0.0236

„Алкалоид“ во офанзива на странските пазари!

Објавено во: Економија 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Продажбата во странство порасна за 4,4 милиони евра во првите три месеци во однос на лани и изнесува 23,2 милиони евра. Приходот од домашен пазар е 11 милиони евра и бележи благ падно консолидираната добивка за три месеци е 4,8 милиони евра

Најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“ за првите три месеци годинава го зголеми извозот за 4,4 милиони евра во споредба со истиот период лани и тој достигна 23,17 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од единечниот биланс за првите три месеци на македонскиот фармацевтски гигант.

Консолидираниот биланс покажува продажба во странство во износ од 31,4 милиони евра и во однос на лани пораснале за 5,8 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар, консолидирано, е 14,7 милиони евра и таа е за 300.000 3вра поголема во споредба со истиот период лани.

Извозот на „Алкалоид“ кој во вкупната продажба учествува со 68 отсто во споредба со лани е поголем за 22,6 отсто. Добивката на компанијата за првите три месеци е 4,8 милиони евра и таа е за 19 отсто поголема од истиот период лани.

Од достапните податоци се гледа дека консолидираните продажби на „Алкалоид“ за првите три месеци годинава надминаа 46 милиони евра и тие се за 6 милиони евра повисоки од реализацијата во истиот период годинава.

Што најмногу продава „Алкалоид“?

Од податоците во образложението е видливо дека „Алкалоид“ во првите три месеци продал ОТЦ препарати за 9,1 милиони евра и тие во структурата на продажба на производи од „Алкалоид“ се 20 отсто. На второ место се антибиотиците со 8,91 милиони евра, па кардиолошките препарати со 7,75 милиони евра. По нив се невролошките препарати со 6,1 милиони евра. „Фармација“ реализирала продажби од 40,4 милиони евра, а од тоа 36,05 се производи од програмата на „Алкалоид“.

Од вкупните консолидирани продажби, 68отсто се остварени на странски пазари. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: Велика Британија раст од 380 отсто, Грузија раст од 105 отсто, Полска раст од 72 отсто, Унгарија раст од 63 отсто, Русија раст од 58 отсто, Украина раст од 57 отсто, Бугарија раст од 49 отсто, Германија раст од 42 отсто, Ерменија раст од 36 отсто, Словенија раст од 22 отсто, Романија раст од 19 отсто, САД раст од 14 отсто. Повисокиот раст на продажбите во првиот квартал од 2019 година делумно се должи на задолжителната серијализација на производи за пазарите од ЕУ која започнала во февруари годинава. 

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката