20 Декември, 2025
0.1105

Алсат-М: Гасоводот Клечовце-Штип три пати поскап, студијата се крие?

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2016 09:55

Добивај вести на Viber

Гасоводната делница што се гради од Клечовце до Штип, земјава ќе ја чини три пати повеќе од она што го покажала физибилити студијата нарачана од Владата. Ова за „Економски магазин“ го тврди енергетскиот консултант – Митко Андреевски, пренесува Алсат-М.

„Таа цена е превисока, затоа што чини 77 милиони долари. А цената на изградбен гасовод и во студијата која што е изработена покажа дека треба да чини 24 милиони долари. Тоа е студијата што е платена од нашата Влада. Тоа отвара сомнеж. Сериозен сомнеж,“вели Митко Андреевски, енергетски консултант.

Според Андреевски, поскапата инвестиција за граѓаните ќе значи и поскап гас, кога проектот ќе профункционира.

„Друга е цената за транспорт на природен гас кој што чини - 50 километри  - 25 милиони долари, а друго е кога чини 75 милиони долари. Ако бидат со вакви цени тогаш крајната цена на природниот гас може да биде повисока. Тоа што ќе го добие регулаторот како цена на инвестиција, ќе биде должен да го пресмета“, вели Андреевски

Од Министерството за транспорт потврдуваат дека во 2009 година била нарачана, а потоа и изработена физибилити студија. Но, одбиваат да ја дадат или да кажат што содржи. Упатуваат одговорите да ги бараме од МЕР - Македонски енергетски ресурси, институција која е задолжена за проектот.

„Со одлука на Владата, техничката документација е отстапена на МЕР за да отпочне со изградба на делниците кои произлегуваат од студијата,“ наведуваат од министерството.

Од МЕР пак велат дека тие не ја поседуваат физбилити студијата за гасификација на Македонија. во која покрај другите делници е опфатена и делницата Клечовце. Со ова, двете институции ја кријат физибилити студијата, која пак беше посочена дека покажува оти Македонија плаќа три пати повисока  цена за изградба на гасоводната делница од Клечовце до Штип.

Извор: Алсат-М

Можеби ќе ве интересира

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?