14 Мај, 2024
0.0559

АМАНДМАНОТ ЗА МАСКИТЕ НА ОТВОРЕНО ПРЕД КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО: Пленарната седница е закажана за 14 часот

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во моментов Комисијата за здравство расправа по амандманот од законот за заштита на населението за заразнио болести кои се однесува на задолжителното носење маски и на отворено, за што координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, за Фактор вели дека има некои забелешки, за кои некои работи треба да се допрецизираат.

-Јас верувам дека дел од забелешките ќе бидат прифатени и дека измените и дополнувањата од овој исклучително важен Закон ќе бидат усвоени од членовите на собраниската Комисија за здравство. Потоа треба да има и законодавно-правна Комисија, а пленарната седница во Собранието е закажана за во 14 часот. Се надевам дека дотогаш ќе завршиме, ако не, ќе има мало одложување, но секако денеска Законот за заштита на наслението од заразни болести ќе се најде прет пратениците и за него ќе се гласа. Мерките од првиот пакет, кои беа предложени од страна на Комисијата за заразни болести пред неколку недели, ќе стапат на сила откако ќе биде усвоен Законот, односно откако ќе излезе во Службен весник, изјави пратеникот Митревски.

Во првиот пакет мерки се задолжително носење маски и на отворено, забрана за групирања на повеќе од четири лица на јавни места, како и забрана за семејни собири, односно дозволено е во еден дом да дојдат најмногу четири гости. Здравствените власти веруваат дека со целосно почитување на овие мерки, ќе се намали трансмисијата на корона вирусот во Македонија. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале