20 Декември, 2025
0.0796

Амазон гради логистички центар во Чешка

Објавено во: Свет 26 Април, 2013 14:52

Добивај вести на Viber

Најголемата светска интернет продавница Амазон планира да изгради логистички центар во Чешка, кој може да биде отворен уште оваа година, пишува денеска чешкиот бизнис весник „Е15“, повикувајќи се на неколку независни извори.
Чешка со тоа ќе стане првата европска земја источно од Германија, во која Амазон ќе работи во тој обем. Фирмата во Словачка е задолжена за поддршка на продажбата, а во Романија за развојниот центар.
Логистичкиот центар во Чешка по големина ќе биде во ранг на најголемиот дистрибутивен центар во Европа во германскиот Бад Хердфелд. Неговата површина е од околу сто илјади квадратни метри.
За Чешка тоа ќе значи најмалку илјадници работни места, додава весникот. Амазон минатата есен кога отвори нов дистрибутивен центар во Франција вработи 2.500 работници. Во Германија фирмата постојано вработува 7.700 лица, а уште илјада ангажира на одредено време пред Божик.
Амазон е еден од најголемите и настарите интернет трговци во светот. Џеф Безос, кој е денеска е на чело на фирмата, ја основаше во 1994 година по името Кадабра.
Концернот Амазон уште одамна не е само интернет книжара. Сега продава и други производи - од музика, преку играчки, до мода.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот