„Amazon“ ќе вработи 5000 нови работници
Објавено во: Свет 29 Јули, 2013
Интернет гигантот „Аmazon.com“ ќе вработат 5.000 нови работници, објавија од компанијата.
„Amazon“ е една од ретките компании која континуирано го зголемува својот број на вработени. Во последниве три години таа бројка е зголемена за трипати и моментално во „Amazon“ се вработени 97.000 луѓе. Тие имаат повеќе вработени од „Gооglе“, a само 2.000 помалку отколку во „Microsoft“.
- Да ќе вработиме повеќе од 5.000 нови работници кои ќе ни помогнат во иновациите и грижата за нашите клиенти, - изјави Дејв Кларк потпрестедател за глобалните оперативни работи и корисничка поддршка.
Тој наведе дека во секотрите за управување со операции, корисничка поддршка и испорака, бизнис анализа, пакување и нарачки работат 20.000 работници кои се распоредени во 17 центри ширум Америка и токму во тие сектори „Amazon“ планира да вработи 2.000 нови.
Во вториот квартал од 2013-та година „Amazon“ продажбата е зголемена за 22 проценти во однос на претходната година и изнесува 15.7 милијарди долари. Но, „Amazon“ забележа нето-загуба од 7 милиони долари,