19 Мај, 2024
0.0786

АмЧам Македонија – Успешната соработка со државните институции продолжува во делот на јакнење на капацитетите и заштита на интелектуалната сопственост

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Во чест на одбележувањето на 26 април – Светскиот ден на интелектуална сопственост, Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија), во соработка со нејзиниот Комитет за заштита на правата од интелектуална сопственост (ПИС), денеска (28 април 2015г.) организираше работилница наменета за инспекторите од Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) - Сектор за економски криминал. Целта на работилницата беше подигнување на свеста на инспекторите од овие две државни институции, за да го насочат своето внимание и кон заштитата на ПИС како дел од нивната работа.

Работилницата започна со кратко обраќање на г-дин Кирил Миноски, Директор на ДПИ кој посочи дека “Заштита на ПИС го подобрува деловното опкружување во земјата, создавајќи подобри услови на пазарот. Во текот на 2014 година, ДПИ спроведе околу 70 акции постапувајќи по Законот за ИС. Јакнењето на капацитетите на сите инволвирани страни е пресудно за ефикасно спроведување на законите. Поради ова, во текот на оваа година ДПИ планира низа на активности и обуки поврзани со заштитата на ПИС“. Билјана Јанева, Претседател на АмЧам Комитетот за ПИС укажа дека „Без ефикасна заштита на ПИС, компаниите немаат причина да одвојат капитал или креативна енергија за развивање на нови производи или услуги. Неопходно е целосна и конзистентна имплементација на македонската легислатива која ја штити интелектуалната сопственост“.

Потоа следеа низа на презентации од членови на Комитетот и претставници од компаниите членки кои преку практични примери и разработени формулари се обидоа на присутните да им ги пренесат своите предлози и искуства, со цел изнаоѓање на заеднички решенија кои ќе овозможат поефикасна заштита на правата од интелектуална сопственост.

Во изминатите 6 години, Комитетот за права од интелектуална сопственост (ПИС) при АмЧам Македонија помогна да се поттикне заштитата на ПИС преку поддржување на унапредувањето на политиките од ПИС областа како и преку разни едукативни настани, обуки и настани за споделување на информации за сите групи и институции инволвирани во заштитата на ПИС како што се судиите, обвинителите, пазарните инспектори, цариниците и полициските инспектори ширум земјата.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата