Американци го погодија складот со хемиско оружје на џихадистите
Објавено во: Свет 13 Април, 2017
Меѓународната коалиција изврши напад на складот со хемиско оружје на џихадистите во провинцијата Дејр ел Зор во Сирија.
Загинаа неколку стотини луѓе од кои дел и цивили.
Сириската војска соопштува дека овој факт покажува дека терористите имаат хемиско оружје.
Во складот имало многу странски борци, а при нападот излегол прво бел, а потоа и жолт облак, што значи дека има опасни материи.
При нападот се отруле стотина луѓе.
Во нападот со хемиско оружје на 4 април загинаа 80, а ранети се 200 луѓе.