АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА: Постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019
Американската амбасата информира дека постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС во Северна Македонија.
„ИСИС има намера да ги напаѓаа граѓаните, вклучувајќи ги и американските граѓани кои патуваат во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи“, информираат од Американската амбасада.
Додаваат дека терористите често користат помалку софистицирани методи, вклучувајќи пиштоли, возила и ладно оружје, чија цел е народ (поголеми групи луѓе) на јавни места.
„Терористички напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без какво било предупредување, па американските граѓани се поттикнуват (охрабруваат) да одржат високо ниво на будност. Екстремистите се повеќе имаат за цел да одберат и нападнат „лесни цели" како што се шопинг молови и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, училишта, паркови и места каде што се одржуваат јавни настани (спортски натпревари, политички собири, демонстрации, собири за празници, прослави и сл.)“, соопштуваат од Амбасадата на САД.
На интервенција денес попладне од Амбасадата на Сад во Скопје се повикани и од противпожарната единица во Скопје.
Претходно полицијата соопшти дека се преземени активности за спречување на терористички напад од ИСИС во Република Северна Македонија.
„По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад“, информира полицијата.
Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните, информираа од полицијата.