06 Мај, 2024
0.0235

Американската економија бележи силен раст

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Американската економија пораснала за солидни 4,2 отсто во вториот квартал, април-јуни, што е најдобар резултат за речиси четири години, но експертите укажуваат на тоа дека во третото тромесечие таа ќе забави поради бавниот напредок во трговијата.

Според податоците објавени денеска од страна на американската влада, бруто домашниот производ (БДП) е непроменет во споредба со минатомесечните проценки на Министерството за трговија на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп го истакна добриот резултат на БДП како доказ за исправноста на неговата економска програма.

"Тоа е многу подобро отколку што некој мислеше дека е можно", изјави Трамп за новинарите во средата.

Сепак, голем дел од овој раст произлегува од избрзаниот пораст на извозот на соја и други стоки пред влегувањето во сила на казненататрговска  стапка наметната од Трамп.

Иако трговијата во вториот квартал го зголеми БДП за 1,2 процентни поени, поради зголемениот извоз, се очекува дека во третиот квартал ова зголемување ќе изнесува околу еден процентен поен. 

"Растот сè уште изгледа прилично силен", вели Џим О Саливен, економист кој предвидува раст во третиот и четвртиот квартал од околу три проценти "пред моментумот да исчезне во 2019 година".

Просечниот раст од три проценти во втората половина од оваа година ќе донесе вкупен напредок за цела 2018-та на три отсто. Тоа би било најдобро од 2005 година, три години пред финансиската криза во 2008 година што ја труна САД во најлошата рецесија од 1930-тите.

Соединетите Американски Држави сега се наоѓаат во својата десетта година на економска експанзија. Сепак, растот беше во просек 2,2% млака, што е период на најлошо опоравување од Втората светска војна.

Трамп тоа често го потенцираше при своите настапи кога водеше кампања за претседател, обвинувајќи ја слабоста на економската политика на претходникот Барак Обама. Преку Конгресот во декември минатата година обезбеди намалување на даноците од 1,5 милијарди долари и ја нагласи потребата на дерегулација и вети трговски договори со трговски мерки како начин за стимулирање на растот.



Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК