13 Мај, 2024
0.0244

АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ: Зголемен ризик од меѓуетничко насилство има на Западен Балкан во 2024 година

Објавено во: Балкан 12 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Зголемен ризик од меѓуетничко насилство има на Западен Балкан во 2024 година, велат американските разузнавачи.

Документот вели дека „националистичките лидери веројатно ќе ја влошат тензијата во своја политичка корист; а надворешните актери ќе зајакнат и ќе ги искористат етничките разлики за да го зголемат или да го заштитат своето регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции.“

Се наведува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“.

Веднаш потоа се вели дека „лидерот на босанските Срби Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна (и Херцеговина) и да обезбеди де факто отцепување на неговата Република Српска“.

На крајот од делот за Западен Балкан, се вели дека „неговата постапка (на Додик) може да ги поттикне водачите на бошњачкото (босанско муслиманско) население да ги зајакнат сопствените капацитети за заштита на своите интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти, кои би можеле ги надвладеат мировните сили.“

Лани во Бањска имаше напад, каде се судрија лица од српска националност со косовската полиција, при што загина еден косовски полицаец и четворица Срби. Додик постојано зборува за независност на Република Српска од Босна и Херцеговина(БиХ). 

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!