29 Април, 2024
0.0271

Аналитичарите поделени околу договорот со Грција: За едни велепредавнички за други историски

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Разни интерпретации и поделени ставови по објавениот исход од телефонскиот разговор на двајцата премиери кои ги зовреа страстите на граѓаните во Македонија и Грциоја.

Фактор побара став од аналитичари, новинари и јавни личности по последните политички потреси на сцената во Македонија. Според едни договорот е вреден за поздравување, за други истиот е капитулација.

Ана Бобинкова Мијаковска, претседател на здруженито на граѓани Преродба и основач на ДВИЖЕЊЕ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА - Движење на носителите и бранителите на државниот суверените вели дека договорот со Грција е противуставен, недозволен, велепредавнички.

„Безпредметно е воопшто да се разговара за вакво велепредавство и рушење на државата, туку веднаш да се стопираат и спречат сите дејства на нелегитимната нелегална антинародна, антимакедонска власт, за да не предизвикаат и прават понатамошна штета на македонскиот народ и македонската држава, а веќе направените такви дела да се поништат и да не предизвикуваат никакви дејства“ - вели Ана Бобинкова Мијаковска.

Професорката Билјана Ванковска пак смета дека со таа одлука владата 

 мешање во внатрешните работи и одземање на народниот суверенитет со прифаќање на употреба на новото, како што вели Ванковска, небулозно име на државата и за севкупна и за внатрешна комуникација и идентификација.

„Англиската верзија на предложеното име (Republic of North Macedonia) не значи Република Северна Македонија, туку Република на северот од Македонија. Да беше Северна Македонија ќе гласеше Republic of Northern Macedonia. Откажувањето од постоењето на македонско национално малцинство е посебна приказна. Она што сега ќе се обидуваат да ни го „продадат“ (да го употребам изразот на Фрчкоски) е нешто што веќе го имавме и што е стекнато право низ целокупната историја на борба за самоопределување на македонскиот народ. Јазикот ни е признат во ООН уште од 70-те години - Заев прифаќа фуснота, што е преседан во меѓународната пракса, односно чекор назад. Истото е и за националноста Macedonian/citizens of Republic of North Macedonia, на кое ќе стои некаква „опашка“ дека немаме никаква врска со грчката цивилизација (небаре денешните Грци се директни потомци на Софокле и Платон!). Накусо, Пандорината кутија е отворена, единствен адут на Заев е надежта, која ќе ја продава како да е придобивка. Република Македонија ја чека умирање/гаснење на рати, освен ако граѓаните жестоко не се спротивстават на ваквата деструктивна политика на владата“, посочува Ванковска.

За новинарот Владимир Мирчески договорот на Македонија и Грција ги гарантира основите на идентитетскиот сегмент од целиот пакет односно чистото именување на јазикот како Macedonian што е најјасна потврда за етничката посебност на Македонците.

„Дали е идеален договор? – Секако дека не е, зашто идеално во меѓународната политика не постои, но е договор што, според кажаното, од една страна ги гарантира основите на т.н. идентитетски сегмент од целиот пакет односно чистото именување на јазикот како Macedonian што е најјасна потврда за етничката посебност на Македоците, нешто што со години беше оспорувано (во изминатите години од процесот дел од најтешките преговори беа токму за оваа точка која), а од друга страна е договор што ги отвора вратите за брз прием во НАТО и јасна ЕУ-перспектива со чие исполнување фактички се гарантира иднината на земјата. Другата страна на паричката е дека Грција доби свои отстапки пред се во географската одредница во сложеното име и во тоа што тоа име ќе биде за севкупна употреба. Не е едноставно, многумина тешко ќе го разберат и прифатат договореното, но истовремено треба да се знае дека во преговори и даваш и добиваш и затоа се викаат преговори. Некои ќе тврдат дека повеќе дадовме, отколку што добивме, но факт е дека Грција е членка на ексклузивните клубови кои се стратешка цел на Македонија. Исто така, не треба да се заборави дека повеќе од две децении Македонија во меѓународните организации беше Поранешна Југословенска Република Македонија, вели Мирчески.

Претседателот на партијата на Македонците во Грција, Виножито, Павле Васколупос Филипов пак е со став дека Македонците треба да чекорат напред, и да мислат поинаку од уназадените балкански идеолошки граѓани. 

„Околу географските префикси имам детално објаснето и ставот на Виножито е секако познат. Има што да зборуваме следните денови. Следам и во Грција како реагираат. Имам кажано јас многу пати, географски префикс како Северна не го оспорува македонскиот национален идентитет, јазикот и националноста се загарантирани, македонски, но од широка гледна точка ние имаме кажано дека префикс е идеално за иредентистички идеологии и соодветни политики на Балканот. Познато е на целата планета дека таму каде што има географски прекикси на името на државата, тоа асоцира на поделеност и конфликти. Ова е факт и реалност. Македонскиот национален идентитет е загрантиран уште од порано, но суштината е да нема „рана“ на Балканот за следните децении. Баш сега размислувам како ќе одговорам на мојата мала ќерка „Зошто е Северна тате? Како и каде е Јужната? Зошто поделена?“- вели Васкопулос Филипов. 

Можеби ќе ве интересира

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза