Анализа на „То Вима“: Со се повеќе преговори, се подалеку и решението
Објавено во: Балкан 30 Април, 2018
Влијателниот грчки весник „То Вима“ анализира дека решението во спорот за името помеѓу Грција и Македонија е се подалеку со се подолгите преговори. На секоја наредна средба помеѓу дипломатите, се повеќе паѓа и оптимизмот.
Во последните 20 дена, атмосферата во разговорите за името во ништо не потсетува на насмевките и оптимизмот што првично ги испраќаа пред и по средбата на Алексис Ципрас со Зоран Заев во Давос минатиот јануари, го започнува „То Вима“ текстот посветен на последните случувања на релација Скопје- Атина.
Во анализата под наслов „Времето тече, решението со оддалечува“, искусниот новинар пишува дека се намалува просторот за договор, бидејќи и понатаму е ненадмината разликата за ерга омнес и промена на Уставот. Овие, според „То вима“ биле и главните пречки на неодамнешната средба во Виена, средба што се движела „во спротивна насока од претходно јавно изразениот оптимизам на комесарот Хан“.
– Времето тече. Веќе се чини дека двете страни започнаа да размислуваат, не само на добрите сценарија, туку и на начинот на управување на играта со префрлање на вината, во случај на неуспех во преговорите. Странски дипломати исто така се појавуваат веројатно песимисти. Како што велат, ако рокот до летото помине, од есен и двете земји влегуваат во предизборен период, пишува „То Вима“.