Андреј Пленковиќ има 72 часа да го реши спорот со Словенија?
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2018
Хрватскиот воен ветеран Петар Јањиќ, наречен Тромблон, синоќа испрати писмо до хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, поради ескалацијата на спорот со Словенија за Пиранскиот Залив.
Му даде рок од 72 часа на Пленковиќ да го реши проблемот со Љубљана или во спротивно тоа ќе го направат воените ветерани.
Јањиќ го спомена и нерешеното прашање со државната граница со Србија – дека се во прашање 24.000 хектари хрватска земја.
Словенија ќе им наплаќа казни на хрватските рибари. Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец вчера изјави дека словенечката полиција има право да наплаќа казни на хрватски рибари кои ловат во словенечки води во Пиранскиот залив.
Хрватска ја повика Словенија на дијалог за Пиранскиот Залив Хрватска и натаму ја повикува Словенија да го продолжи дијалогот и да избегнува еднострани чекори и инциденти.
Европската комисија исто бара конструктивен дијалог.