Ангела Меркел мора во карантин, докторот што ја вакцинирал има коронавирус
Објавено во: Свет 22 Март, 2020
Германската канцеларка Ангела Меркел мора да оди во карантин, откако се дозна дека докторот што ја вакцинирал има коронависрус, јави Индекс.хр.
Нејзиниот портпарол изјави дека Меркел за тоа била информирана многу бргу откако денеска одржала конференција за медиумите, на која ги објавила новите строги мерки за Германија против ширење на вирусот.
Меркел, како што потврдил нејзиниот портпарол, примила вакцина од предострожност против инфекција заради воспаление на белите дробови, а во наредните денови 65 годишната канцеларка ќе ги направи и останатите тестови и својата работа сигурно ќе ја продолжи од дома.