03 Мај, 2024
0.0274

Ангелов: Договорите на „Лавовите“ не можеа да се ефектуираат без потпис на Груевски

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Генералот Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил пишува дека во 2002 година тогашниот министер за финансии, Никола Груевски не дозволувал припадниците на ново формираната полициска единица „Лавови“ да добијат решенија за работа во МВР. 

Тогаш Груевски  како министер за финансии бил должен да потпише само формално одобрување за нивното вработување. 

„Тогашниот Министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски неколку месеци претходно ги имаше потпишано договорите за работа на „Лавовите“, но тие не можеа да се ефектуираат без потпис на министерот за финансии Никола Груевски. Затоа, по директна вина на Никола Груевски „Лавовите“ иако повеќе од една година беа во редовите на МВР, иако поголем дел од нив учествуваа и во одбраната на државата во 2001-та, останаа со нерешен статус и по промената на власта кон крајот на 2002-та се најдоа во многу незавидна позиција. Да биде иронијата поголема, во текот на 2003-та година во времето на тогашниот премиер Бранко Црвенковски, по неколку превириња сите „Лавови“ кои ги исполнуваа законските услови добија решенија за работа во МВР“ - пишува Ангелов. 

Тој објаснува дека подоцна „Лавовите“ биле козметички трансформирани и преименувани во „Единица за брзо распоредување“ (ЕБР) и како такви постојат до ден денес. Тој е убеден дека повеќе од половината припадници на денешната ЕБР се поранешни „Лавови“ на кои Груевски во 2002-та не сакал да им ги потпише решенија за работа.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ