08 Мај, 2024
0.0288

Ангеловска: Домашната платежна картичка ќе ги натера трговците да постават што повеќе постерминали

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Покрај тоа што треба да и помогне на домашната економија и на граѓаните, Домашната платежна картичка ќе има и друга цел, а таа е да ја намали сивата економија.

Исто така, како што во своето видео обраќање вчера кажа министерката за финансии Нина Ангеловска, на тој начин повеќе трговци ќе бидат принудени да почпнат да ја прифаќаат кредитни картички и да постават пос терминали во своите објекти.

Мерката Домашна платежна картичка е дел од третиот пакет мерки на Владата, а целта е да влијае на амортизирање на ударот врз економијата, односно подобро да се справиме со ударот врз економијата како резултат на забавување на економската активност.

„Сега кога сме во фаза на реотворање на сите капацитети кои беа затворени, потребно е да ја зајакнеме домашанта потрошувачка“, рече министерката.

Покрај поддршката на над 320 илјада граѓани, очекуваат и дополнителни ефекти.

“Такви се промена на навиките за безготовинско плаќање, што повеќе трговци да постават ПОС терминали во своите маопродажни објекти, и со тоа понатаму не само да се влијае на навиките и да одиме кон безготовинско плаќање, туку дополнително да се справиме и со неформалната економија“, рече Ангеловска.

Картичките може да се користат во хотели, одморалишта, туристички агенции, угостителски објекти, ресторани, супермаркети, продавници за храна, пилјари, пекари, мебел, производи за домаќинство, книжарници, спортскаопрема, облека, аптеки, салони за убавина, фризерски салони..., и во сите овие продавници може да купуваат домашни, односно македонски производи и услуги.

Ангеловска појасни дека во продажните објекти македонските производи се поставени на посебни полици, рафтови или се посебно означени со “КУПУВАМ ДОМАШНО” за граѓаните да може лесно да ги препознаат. Како македонски производи се сметаат оние кај кои на декларацијата е наведено дека производот е произведен во Република Северна Македонија, како и сите услуги извршени од домашни компании и вршители на дејност.

„Иако во фискалните сметки трговците имаат обврска да го издвојат прометот од македонски производи, до сега отсуствуваше јасното дефинирање за кои производи треба да се најдат означени како македонски во истите. Сега, со измената на правилникот тоа е јасно дефинирано“, рече Ангеловска.

А со цел да се поттикне купувањето на домашни производи, Владата неодамна донесе Уредба со која кај апликацијата Мој ДДВ, за оние граѓани кои скенираат фискални сметки, за купените домашни производи ќе се враќа 20 отсто од платениот ДДВ, а за странските 10 проценти. 

Од Управата за јавни приходи за Фактор потврдија дека веќе работат на прилагодување на апликацијата Мој ДДВ, на новиот начин на поврат со кој Владата го зголемува враќањето кај домашните производи, на 20 отсто од платениот ДДВ, а за странските производи повратот се намалува на 10 отсто. Но, од УЈП не знаат кога таа надградба ќе биде готова. 

„Управата за јавни приходи веќе работи на прилагодување на апликацијата МојДДВ на овие новини, и за истото ќе ја извести јавноста“, објаснија од УЈП.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката