07 Мај, 2024
0.0315

Ангеловска: Граѓаните заслужуваат отчетност а не политички манипулации

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии го продолжува процесот на отворање на јавните финансии пред граѓаните. Во завршна фаза е новиот портал за јавен долг со кој граѓаните ќе имаат непосреден увид во задолжувањето и раздолжувањето на државата. Со тоа од темата задолженост се тргаат сите политички превези а граѓаните, за кусо време добиваат уште една демократска алатка. Овие процеси ја зголемуваат довербата на граѓаните во институцијата.

-Со порталот за јавен долг, што наскоро ќе профункционира, јавноста ќе може да го види секое евро задолжување и раздолжување и за што биле потрошени тие средства - рече министерката за финансии Нина Ангеловска на предавањето на техничка документација за изградба на локални патишта на 35 општини.

Министерката Ангеловска посочи дека обидот да се претстави како завера испраќање на меил од Кабинетот со процедура за работа и комуникација, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање.

-Немам што да кријам. На оваа позиција дојдов без никаков багаж. Немам ни црвени, ни розови, ни црни очила. Тоа го покажуваат и моите заложби за транспарентност. Дојдов да работам и да ги носам најдобрите одлуки за граѓаните - нагласи Ангеловска.

Во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста, Министерството за финансии пред два месеци ја пушти платформата „Отворени финансии“ преку која може да се видат сите исплати од Трезорот. За да се отвори Трезарот за граѓаните, беа направени измени во регулативата, со кои објавување на податоци од Трезорот стана законска обврска. Со тоа се осигура објавување на овие податоци без оглед на тоа кој е на власта и кој министер го води Министерство за финансии. 

-Ако некој е транспарентен и отворен тоа е Министерството за финансии. За овие две и пол години работите суштински се променети. Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и секој денар каде оди. Тоа е резулат на максимално зголемената фискална транспарентност - рече министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Министерството за финансии ја промовираше и алатката „Реализација на капитални инвестиции во Буџетот“, на која може да се следат капиталните расходи на секој буџетски корисник.


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката