05 Мај, 2024
0.0235

Ангеловска: Со субвенции за покачување на платата во приватниот сектор ќе се подобри продуктивноста

Објавено во: Економија 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Со спроведувањето на мерката за субвенција на придонесите за покачувањето на платите на вработените во приватниот сектор ќе се подобри продуктивноста во стопанството и тоа од две причини - работодавачите ќе ги задржат квалитетните кадри и второ вработените ќе бидат помотивирани да работат. Со ребалансот на буџетот се алоцираат 400 милиони денари за реализација на оваа мерка до крајот на годината, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа на ребалансот на буџетот во Собрание.

Таа истакна дека доколку се погледнат индексите на човечки капитал на Светска банка за претходниот период, тие покажуваат дека потенцијалната продуктивност кај нас е 53%, додека кај развиените земји се движи до 80%. Ангеловска рече дека целта на Владата е да постигне поголема продуктивност и дека тоа не е нешто што се менува преку ноќ, туку дека е нешто што треба во континуитет да се работи повеќе години.

- Задача на Владата е да ги адресира овие проблеми и да интевненира каде што е потребно, да ги поддржи. Со мерката за субвенционирање на придонеси за повисоки плати во приватниот сектор се адресира токму продуктивноста, со цел да се мотивираат вработените лица да бидат попродуктивни и да имаат подобар живот, да ги зголемат платите и да се зголеми и потрошувачката. Од друга страна се решава и проблемот на бизнис секторот за задржување и мотивирање на кадрите - тука зборуваме за доаставувачот, за вработениот во ресторанот, за ИТ-индустрија, за текстилна индустрија и секаде каде сметаме дека има проблем со продуктивноста. Владата го гледа тој проблем го адресира и затоа еднакви шанси треба да имаат сите- рече Ангеловска и посочи дека станува збор за мерка која има за цел да креира вистинско покачување на платите во приватниот сектор.

Инаку министерката за финансии во своето експозе истакна дека целта на ребалансот е да се алоцираат средствата онаму каде ќе имаат најголем ефект.Со ребалансот се обезбедува распределбата на поголем дел од јавните приходи кај граѓаните, директно вложување во потребите и потенцијалите на луѓето и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање на нови работни места и исплати на повисоки плати во приватниот сектор и за сите работници, рече Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години