05 Мај, 2024
0.0319

Анѓушев: Креирана е наједноставна и најтранспарентна постапка за инвеститорите за изградба на фотоволтаици

Објавено во: Економија 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Креиравме транспарентна и конкурентна постапка за инвеститорите што сакаат да градат фотоволтаици, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во дневникот во 1 ТВ, каде посочи дека има голем интерес за инвестирање.

Во вечерашната емисија на 1ТВ „Отворено студио“ вицепремиерот Анѓушев ги образложи предностите на најновиот проект на Владата за финансирање изградба на фотоволтаични електрани, чија енергија потоа би се продавала на слободен пазар.

„Моделот што ние го предлагаме за којшто сме убедени дека ќе успее и дека е добар и којшто успеал низ цел свет, е модел во којшто ќе се направат 200 MW и ќе произведуваат 300 GWh годишно, колку сите обновливи извори заедно а ќе изнесуваат 3 милиони евра“, објасни Анѓушев.

Во државата досега се инсталирани 17 мегавати во фотоволтаици и тие се плаќаат од страна на МЕПСО, односно граѓаните преку сметките за струја, вкупно 3 милиони и 60 илјади евра. Или целосната слика е: сите обновливи извори произведуваат 300 GWh годишно и тоа граѓаните преку сметките за струја го плаќаат 19 милиони евра годишно.

Вицепремиерот го поздрави обидот за дебата и дискусија по ова прашање, но потребно е дебатата и критиките да бидат издржани со бројки, затоа што во економијата е секогаш важно да се зборува со бројки.

„Друга многу важна работа е тоа што досега за овие 17 мегавати досега одлучуваше Регулаторна комисија, и тоа придонесуваше многу граѓани во државата коишто имаа спремни проекти да не добијат шанса. Ова сега ќе биде наједноставна и најтранспарентна постапка. Онаму каде што државата ќе го даде земјиштето и каде е урбанизирано, проектот ќе може да се имплементира за 6 до 7 месеци, а онаму каде што ќе се гради на неурбанизирано, на свое земјиште, може да трае подолго, до година и пол.Математиката е следна, за 3 милиони евра да добиете ефект од 200 MW електрана во системот, тоа е многу мала цена за вкупниот ефект кој би се  постигнал. Сега никој нема да одлучува дискреционо, ќе биде јавна аукција, проектите се така направени да има и помали и поголеми, од 3 MW, 5 MW па до 10 MW“, дополни вицепремиерот.

Анѓушев верува дека интересот ќе биде голем а посебно би се радувал на домашни инвеститори.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години