07 Мај, 2024
0.1176

Анѓушев: Македонските компании со голема помош ќе станат партнери на инвеститорите

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред почетокот на тркалезната маса со Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет во Стопанската комора на Македонија најави нова категорија на мерки на државна помош наменета за домашните мали и средни компании со цел да ја подобрат нивната понуда и да ја зголемат соработката со странските инвеститори во Македонија. 

Според актуелните состојби само 1% од добавувачите на странските компании во зоните се македонски компании и тоа само со неизбежните производи и услуги како достава на храна, струја, услуги за обезбедување и слично. Според најавите на вицепремиерот Анѓушев оваа програма ќе биде дел од третиот столб и малите и средните компании ќе може да аплицираат преку Фондот за иновации. 

Предвидени се два вида на конкретни мерки со покривање на 70% од трошоците за иновативен производ и до 30% за производствени хали за компаниите во развој. Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер ја поздрави новата програма на Владата која според него е транспрарентна и ќе придонесе да се подигне квалитетот на понудата на македонските компании. 

Петер вели дека македонските компании треба најпрво да ги видат потребите на странските инвеститори и согласно тоа да изготват квалитетна и ефикасна понуда од што корист ќе имаат и тие бидејќи ќе добиваат услуги и производи од Македонија што значи и пониски трошоци за транспорт и давачки. Вицепремиерот Анѓушев надополни дека со предвидените мерки на владата за финансиска помош околу 7000 компании ќе имаат бенефиции за развој и унапредување, наместо со претходно потрошените 220 милиони кои ги искористија само дваесетина компании.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката