08 Мај, 2024
0.0275

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми.

Во интервјуто за Сител телевизија Вицепремиерот Кочо Анѓушев објаснува како и зошто дојде до продажбата на ЕДС на Грчкото државно електростопанство.

„ЕДС е снабдувач со електрична енергија и работи во девет земји и последната година се водеа интензивни разговори со компании од регионот, кои беа заинтересирани. Конечно, ППЦ односно Грчкото електростопанство да ја има најдобрата понуда не само во финансиски смисла, туку и во однос на перспективата на ЕДС и клиентите што ги има затоа што мене ми најважно оваа компанија како моја стартап компанија и понатаму да продолжи да работи.“

За цената и сите чекори, вели Анѓушев дека е направена врз основа на ревизорски извештај изработен од реномирани меѓународни ревизорски куќи ангажирани од сите страни што преговараа, и дека таа цена е многу фиксно детерминирана. Завршувајќи сека истата ќе биде јавно изнесена во неговиот анкетен лист за сите граѓани да можат да ја видат.

На прашањето дали е сомнително тоа што државна грчка компанија е заинтересирана да ја купи ЕДС, и тоа токму компанијата на Вицепремиерот, Анѓушев одговара?

„Не, апсолутно не, затоа што државните компании се тие кои зад себе имаат производство. Па и ЕВН е државна компанија. Значи требаше да ја купи или компанија од Грција, од Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска или Австрија. Регионален е пристапот. Ако беше купена од бугарска компанија ќе беше поврзано со договорот за добрососедство, ако беше албанска ќе беше поврзано со јазикот, ако беше српска ќе беше поврзано со црквата нешто.“

„Тоа покажува колку ние сме затворени како држава, треба да ги отвориме процесите и да не ги мешаме работите на бизнисот со политиката. Стопанството мора да тече и да се развива. Ваквите обвинувања се малку несериозни и верувам дека тие што ги зборуваат малку и себе не си веруваат, ако си веруваат тогаш имаме сериозни проблеми. Тоа значи дека не знаат да направат разграничување и веруваат во некакви конспиративно – Белизе шеми. Јас прикажувам компании кои се македонски, транспарентни со платен данок, а не Белизе компании“, вели Анѓушев.

На прашањето за неодамнешната изјава за прифатливите решенија за името, Анѓушев рече:

Јас не сум дел од процесот не преговарање за името, тој се одвива во рамките на УН под медијаторство на господинот Нимиц и Министерството за надворешни работи.

Јас и лично се познавам со Христијан Мицкоски, тој беше асистент на предмети на коишто јас бев професор и сега заедно соработуваме на како професори на истиот институт и искрено се надевам дека г. Мицоски не стои зад овие изјави и дека се тие некои одгласи во ВМРО од минатото и мојата изјавата беше дадена во поширок контекст. На прашањето на новинарот кое име е прифатливо јас реков, народот ќе одлучи кое име ќе биде прифатливо, а јас ќе го прифатам тоа.

Мислам дека е време кога ние сите треба чесно и храбро да ги кажеме нашите мислење, за разлика и тоа кога едно зборуваме во јавноста а друго во телефонските разговори.


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката